Додека Луис Енрике славеше стигна лоша вест за ПСЖ

400
Фото: ПСЖ Твитер

Луис Енрике и неговите фудбалери го освоија Суперкупот, откако го совладаа Тотенхем.

Во фокусот покрај пехарот се и дел од играчите. Голманот Џанлуиџи Донарума не беше во составот за натпреварот и, според тоа како стојат работите, тој нема да остане во ПСЖ. Најверојатно веќе е познато дека ќе оди во Манчестер Сити, иако голем интерес покажал и Манчестер Јунајтед.

Италијанецот, чиј договор истекува следното лето, имаше клучна улога во освојувањето на трофеите минатата сезона. Сепак, откако во клубот пристигна Лукас Шевалие од Лил, јасно е дека Донарума следната сезона ќе брани на друго место.

Сега уште еден многу важен играч од минатата сезона би можел да го напушти клубот ова лето, што би било голем удар за ПСЖ.

Португалскиот играч за врска Витиња, кој има 25 години и кој синоќа одигра одлично против Тотенхем, привлече голем интерес од Реал Мадрид.

Најавено е дека од Мадрид се подготвени да испратат понуда од 90 милиони евра и ова, но и следното лето, бидејќи по секоја цена сакаат да го доведат.

Иако Чаби Алонсо доби засилувања, сепак го сака и Витиња, но тешко е за очекување дека ПСЖ ќе го пушти да замине ова лето, па трансферот е поизгледен следната година.

ПретходноПознато е колку заработи ПСЖ со освојување на Суперкупот
СледноЛуис Енрике: Фудбалот понекогаш е неправеден! Тотенхем ја заслужи победата!