ЛЕ и КЛ: Алиоски постигна гол, Лугано доживеа елиминација, елиминиран и тимот на Зеко Рамадани

93
фото: FC Lugano (Facebook)

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски постигна еден од четирите гола на Лугано во победата на гостувањето кај Целје во 3. квалификациско коло од Конференциската лига, но швајцарскиот тим доживеа елиминација. Словенците на првиот натпревар славеа со 5:0, па вечерва можеа и да си дозволат луксуз да го загубат мечот на домашен терен со два гола разлика.

Лугано успеа да слави за честа на своите навивачи, а нашиот Џани Алиоски го постигна четвртиот гол за гостите во 85. минута од белата точка.

Екипата на Дрита предводена од нашиот стратег Зекирија Рамадани и вторпат беше поразена во 3. коло од квалификациите во Лигата на Европа од екипата на романска ФЦСБ. Вечерва тимот кој беше елиминиран од Шкендија во 2. коло од квалификациите во ЛШ славеше со 3:1 на гостувањето на Косово и со вкупни 6:3 оди во плеј-офот од ЛЕ.

ПретходноЧоло не запира: Атлетико (М) преговара со Јувентус за Нико Гонзалез
СледноАртета е анти-рекордер: Потрошил над 700 милиони евра за засилувањa од последниот освоен трофеј