Македонските кадети поразени од Шведска

28

Македонската кадетска репрезентација запиша нов пораз, овој пат од Шведска во битката за пласман од 9. до 16. место. Нашите кошаркари беа поразени со 84-79.

Шведска добро го отвори мечот, поведе со 23-16 после првата четвртина. На одморот Македонија замина со негатива од осум коша (44-36), а се чини клучно за поразот беше третиот период во кој противник успеа да биде подобар со 23-17. На средината на последната четвртина Македонија имаше негатива од 15 поени, успеа да дојде на минус два, но не и да приреди пресврт.

Бошковски со 27 поени беше прв стрелец, зад него беше Шабани со 21 поен.

Претходно„Холивудскиот клуб“ направи трансфер за историја
Следно„Ако Артета сака да биде шампион, нека го смени капитенот!“