МТЕЛ ја продолжува поддршката за македонската кошарка – уште една година како генерален спонзор на Суперлига мажи!

31

Со особена чест и гордост, МТЕЛ ја најавува продолжената соработка со Македонската кошаркарска федерација и останува генерален спонзор на Супер лига – мажи и за претстојната натпреварувачка сезона 2025/2026. Оваа одлука не е само формалност, туку потврда на нашата длабока верба дека спортот е темел на заедништвото, здрав дух и инспирација за новите генерации. Водени од највисоките светски стандарди за општествена одговорност и од вредностите вградени во корпоративниот дух на Телеком Србија Групацијата, МТЕЛ останува цврсто посветен да биде двигател и поддржувач на хуманитарни, спортски и општествени иницијативи кои носат вистинска промена.

За МТЕЛ, вложувањето во спортот не е само спонзорство – тоа е инвестиција во иднината на нашата заедница. Кошарката, како еден од највозбудливите и најпопуларните спортови во земјава, има моќ да инспирира, да обединува и да поттикнува личен и тимски развој. Токму затоа, со радост ја продолжуваме оваа приказна, верувајќи дека секој натпревар и секоја победа се и наши заеднички успеси. изјавуваат од МТЕЛ.

Благодарност до нашиот долгогодишен поддржувач. Ние како Кошаркарската федерација, сакаме јавно да ја изразиме нашата искрена благодарност до компанијата MTel за довербата и континуираната поддршка што ни ја даваат – не само оваа година, туку и во минатото. Во време кога поддршката за спортот знае да биде непостојана, особено значи кога имаме партнери кои веруваат во нашата мисија и остануваат со нас низ годините. Вашата доследност и посветеност се пример за општествена одговорност и вистинска љубов кон спортот. Заедно продолжуваме да ја градиме иднината на македонската кошарка. Ви благодариме што сте дел од нашето семејство“ изјави претседателот на Кошаркарската федерација, Томе Главчев.

ПретходноРеал го претстави Мастантуоно: “Ветувам дека ќе го дадам својот живот за овој дрес!“ (ФОТО+ВИДЕО)
СледноИталијански медиуми: Наполи прави конкретни чекори за враќање на Елмас!