По заминувањето на Грилиш: Сити има нова “десетка“!(ВИДЕО)

50
ФОТО: Manchester City F.C./FB

Кусо траеше дилемата кој ќе биде играчот на Манчестер Сит кој ќе го носи бројот 10. на својот дрес. По заминувањето на Џек Грилиш во Евертон, престижната “десетка“ ја доби Рајан Шерки кој ова лето дојде на „Итихад“ и тоа од Лион. Досега офанзивецот и репрезентативец на Франција го носеше бр.29, но сега “десетката“ е негова. Ова го потврддија и од самиот клуб со промотивно видео за новите дресови на Сити за новата сезона.

Шерки има само 21 година, важи за еден од најквалитетните млади напаѓачи во светот на фудбалот и несомнено екстра засилување за тимот на Пеп Гвардиола.

ПретходноИталијански медиуми: Наполи прави конкретни чекори за враќање на Елмас!
СледноКК Тиквеш се засили со Бошалевски и Блажевски! (ФОТО)