Само во Србија: Газдата на Пафос, ривалот на Ц.Звезда во ЛШ, е актуелен директор на Боксерскиот сојуз на Србија!

453
ФОТО: Bokserski savez Srbije.

Ете, и тоа го има во Србија. Познато е дека актуелната власт и тоа како и помогна на Ц.Звезда да биде тоа што е сега и тоа што е во изминатите неколку години. Шампиот на Србија редовно игра во групната фаза во Лигата на Шампионите, а искрено има и тим и буџет кој не може да си го дозволи никој друг на овие простори.

И сега во плеј – офот во ЛШ за ривал ќе го има Пафос од Кипар. Тим кој што успеа со вкупни 3:0 да го елиминира еден Динамо Киев во 3.квалификациско коло во ЛШ.

И до тука нема ништо спорно.

Арно ама…

Газдата на Пафос е познатиот Сергеј Ломакин. Роден во Москва и државјанин на Русија. И до тука ништо спорно што се вели.

Но, тој Ломакин, замислете, е генерален директор на Боксерскиот сојуз на Србија! Да, не е грешка, на Србија и тоа од минатата година.

Е, сега како е можно? Па, можно е! Во Србија се е можно.

Инаку тој е познат, барем според дел од медиумите во Србија, како личен пријател на претседателот Александар Вучиќ и првиот човек на Ц.Звезда, Ѕвездан Терзиќ.

Исто така неговото име се врзува и со ФК Лозница, клуб кој наскоро, според зборовите на Вучиќ, ќе им конкурира на Ц.Звезда и Партизан.

Ете, тоа е приказната во пресрет на двомечот во плеј – офот меѓу Ц.Звезда и кипарски Пафос.

Ама она со Боксерскиот сојуз…само во Србија.

ПретходноНема мечеви надвор од Англија: Премиерлигата не е Ла Лига или Серија А!
СледноЃорческа избори четвртфинале на W75 турнирот во Куршумлијска Бања