Хјустон нема да му понуди нов договор на Дурант

0
фото: KNAWTNINE (X)

Хјустон нема да брза со продолжувањето на договорот со Кевин Дурант.

„Нема итност да се склучи договор во моментов. Рокетс имаат други работи што треба да ги завршат ова лето, првенствено продолжување на договорот со Тари Исон“, се вели во информацијата објавена денеска.

Хјустон не ги вложи сите пари во Кевин Дурант, но несомнено тој треба да биде нивниот најдобар играч следнава сезона. Доколку се решат за максимално продолжување тоа ќе му донесе загарантирана сума од околу 100 милиони долари за две сезони, колку што е лимитот на кошаркари кои влегуваат во 38-та година од животот.

ПретходноБарем си призна: Кога ќе ја видиш понудата, не можеш да поверуваш!