Ѓорческа избори четвртфинале на W75 турнирот во Куршумлијска Бања

17
ФОТО: Teniska federacija na Makedonija

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на турнирот W75 Куршумлијска Бања што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Нејзината противничка Дарја Астахова го предаде мечот во вториот сет при водство на Ѓорческа од 1-0 во сетови и 2:0 во гемови во вториот сет и во третиот гем 40/0.

Голема борба имаше во завршницата на првиот сет, кога Ѓорческа испушти предност од 5:2 во гемови, но сепак успеа да го добие тај брејкот со 8:6 на поени. По водството од 2:0 во гемови во вториот сет противничката го предаде мечот поради повреда.

Утре во четвртфиналето македонската тенисерка ќе игра против Аурора Ѕантедески од Италија, која со 2-1 во сетови ја совлада петтата носителка Португалката Матиле Жорге.

ПретходноСамо во Србија: Газдата на Пафос, ривалот на Ц.Звезда во ЛШ, е актуелен директор на Боксерскиот сојуз на Србија!
СледноМастантуоно им го “плесна“ на сите во Реал: “Лео Меси е најдобриот фудбалер во светот“!