Артета е анти-рекордер: Потрошил над 700 милиони евра за засилувањa од последниот освоен трофеј

74

Микел Артета потроши повеќе од 700 милиони евра откако го освои својот последен трофеј. Според анализата на „Трансфермаркт“ менаџерот на „топчиите“ е прв на листа на менаџери кои потрошиле најмногу од нивната последна голема титула.

Суперкуповите и трофеите од еден натпревар не се вклучени, ниту пак се вклучени трошоци направени по 1 јули 2025 година.

Артета од последниот освоен трофеј има „фрлено“ 778 милиони евра за нови засилувања. Втор на листата е Унаи Емери, кој последниот трофеј го имаше со Виљареал, па од тами преку Астон Вила потрошил 430 милиони за нови имиња во тимовите кои ги води.

Пеп Гвардиола е на третото место со потрошени 392 милиони од последниот пехар во клупските витрини на „граѓаните“.

ПретходноЛЕ и КЛ: Алиоски постигна гол, Лугано доживеа елиминација, елиминиран и тимот на Зеко Рамадани
СледноСтруга 2025: Охрид ја победи Бурса и завери финале, прв триумф и за Тиквеш