Радески: Струга ТЛ сака победа и против Арсими

60
ФОТО: FC Struga/FB

Струга Трим Лум имаше успешен старт на новата сезона, на домашен терен ја совлада Македонија ЃП со 2:0, а амбициите се да продолжи во ист стил и на гостувањето кај новиот прволигаш Арсими. Меч кој се игра утре во Гостивар од 17 часот.

Искусниот Марјан Радески знае дека нема да биде лесно, затоа што фудбалерите на Арсими ќе имаат огромна мотивација да се докажат на првиот натпревар на домашен терен во елитата.

Стартувавме успешно и целта на Струга Трим Лум е да продолжи победнички. Мислам дека имаме квалитетен тим, новиот тренер Бледи Шкемби успеа да ги вкомпонира добро и новите засилувања и сега останува ние да ги исполниме неговите задачи и да стигнеме до успех и против Арсими. Нема да биде лесно, противникот е нов прволигаш, сигурно ќе имаат огромна мотивација пред домашните гледачи, но ние сме подготвени и веруваме дека ќе ја оствариме целта“, изјави Марјан Радески.

Противникот е добро анализиран.

Го анализиравме Арсими, се работи за квалитетен тим, го покажаа тоа и на гостувањето кај Башкими. Имаат неколку одлични индивидуалци. Но, доколку ние бидеме на вистинското ниво, мислам дека ќе успееме да стигнеме до бодовите“, заврши Марјан Радески.

Претходно„Бомба“: Тотенхем го купува Олмо за 70 милиони евра?!
СледноХаос на тренингот на Макаби Хаифа: Полјаците влетаа на терен на тренингот на Израелците! (ВИДЕО)