ГРК Охрид со важно известување за своите фанови

103

Екипата на ГРК Охрид во новата сезона сериозно треба да се вмеша во трката за титулата. Езерскиот тим направи одличен состав, на тренерското место го има Борис Ројевиќ, па очекувањата се големи, со оглед на буџетот со кој располага раководството.

На трибините во СЦ „Билјанини Извори“ се очекува голема поддршка, а фановите од 19. август ќе можат да ги купат сезонски билети кои чинат 3.000 денари. Во овој пакет не е вклучена картата за европскиот предизвик.

ПретходноОфицијално: Левски со специјално видео го претстави Никола Серафимов! (ВИДЕО)
СледноМВР со енергична акција приведува лица осомничени за “местење“ на мечот Кожув – Башкими!