Лејкерси добија сериозно предупредување за Дончиќ: Пивото и наргилето не се неговиот единствен проблем

846

Од Лука Дончиќ се очекува многу во наредната сезона во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, а неговата физичка трансформација ги воодушеви многумина. Сепак, многумина предупредуваат и на неговите не толку убави навики надвор од теренот, кои наводно го чинеле статусот во Далас Маверикс.

Кошаркарскиот свет беше во шок на почетокот на оваа година, кога како гром од ведро небо одекна веста за трејдот на Лука Дончиќ, кого Далас Маверикс решија да го пратат во ЛА Лејкерс.

Навивачите на Далас и ден-денес не можат да сфатат зошто челниците на клубот толку лесно се откажаа од својот најдобар кошаркар, но како што поминува времето, работите, изгледа, стануваат појасни.

Дончиќ беше критикуван и во Лејкерс поради физичкиот изглед и тоа што бил „запуштен“, но успеа да ги воодушеви кога пред Евробаскетот со Словенија покажа фантастична физичка трансформација и дека е максимално подготвен за новата сезона.

Сепак, многумина предупредуваат дека физичката подготвеност не била проблемот на Дончиќ во Лејкерс, туку работите што ги прави надвор од паркетот.

Лејкерс биле предупредени дека мора да внимаваат на животот на Дончиќ надвор од теренот и на начинот на кој го поминува слободното време, како и да го ограничат за да не ги повтори работите од Далас.

Таму често можеше да се види по клубови како пие алкохол, а неговата „слаба точка“ е пивото, кое најмногу го консумира.

Покрај пивото, тука е и наргилето, кое Дончиќ исто така често го користи, но како што наведува новинарот на ESPN, пивото и наргилето не се единствените проблеми во животот на словенечкиот кошаркар и ситуацијата е многу покомплицирана.

„Во јавноста сега излегуваат доста негативни приказни за неговото време во Далас. Сигурно постојат работи за кои не се зборува и кои се обидуваат да се скријат. И самиот имам слушнато некои приказни за Дончиќ кои јавноста не ги знае“, вели Спирс и продолжува:

„Наргилето и пивото не се единствените проблеми кога станува збор за Дончиќ. Се плашам дека во наредниот период може да се открие што сè се случувало во Далас и зошто клубот толку лесно се откажа од него.“

Од Далас решиле да откријат колку Дончиќ е „слаб“ кога станува збор за пивото и наргилето, и дека тоа го консумира секојдневно, сè со цел да се „операт“ од критиките на навивачите поради фактот што својот најдобар играч го вклучиле во трејд со Лејкерс.

ПретходноСтефковски: Респект за Вардар, но Тиквеш си има свои амбиции сезонава
СледноКонфликтот меѓу Њукасл и Исак ескалира