Младинскиот репрезентативец на Македонија (У21), Матеј Гаштаров, вечерва дебитираше во првиот тим на српскиот шампион Црвена Звезда. На меч од 5. коло во српската Суперлига, Црвена Звезда славеше на гостувањето кај Младост Лучани со 4:1, а нашиот млад бисер ги одигра последните неколку минути од мечот.
Гаштаров беше на клупата за резерви на гостите и доби шанса да дебитира во првиот тим во 88. минута. Со оглед на тоа што има само 18 години пред него со добра работа е убава фудбалска кариера.