Завршија првите полувремиња од двете денешни средби, први од 2.коло во ПМФЛ. На дербито во Кавадараци убав меч пред повеќе од 5.000 гледачи а на пауза се замина со тие 0:0. Тиквеш имаше неколку шанси, Ивановски во неколку наврати како и Садик, но домашните не успеаја да дојдат во водство.
Вардар својата најголема шанса ја имаше во 20.минута кога по шутот на Закариќ, домашниот голман Стевковски фантастично одбрани.
На мечот во Гостивар, Арсими со сензационално водство и тоа против Гостивар и тоа со голот на Сикиру Олатунбосун во 42.минута.