Промена на главниот судија за утрешната средба од 2.коло во ПМФЛ меѓу Македонија ЃП и Шкендија. Имено првично беше одреден за главен судија Јован Качевски од Струга. Но тој мораше да откаже поради повреда, истегнување на листот на ногата, па затоа надлежните во Судиската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, како негова замена го одредија Александар Грујоски од Кичево за главен делител на правдата.
Инаку овој натпревар се игра утре од 17 часот на стадионот во скопската населба Ѓорче Петров.