Иако губеше на полувремето со 1:0 на гостувањето кај Арсими, сепак некогашениот двоен шампион на Македонија успеа со пресврт да дојде до три бода славејќи со 1:2 со што дојде и до вториот триумф сезонава во вториот меч.
Пред голем број фанови, на овој историски меч за Арсими како домаќин, гостите сепак подобро го отворија натпреварот, Компаоре се закани во два наврати.
Следуваше подобра игра на Арсими по кое дојде и водството и тоа со прекрасниот гол на Олаотунбосун во 42.минута.
Со тие 1:0 се замина на пауза.
Во второто полувреме очекувано Струга ТЛ во целост ја презеде иницијативата, креираше шанси за да во 69.минута Радески успеа да израмни на 1:1.
Само три минути подоцна по киксот на домашната одбрана, Компаоре умешно реагираше и тоа беше гол за победа на гостите од 1:2.
Сега Струга ТЛ по двете стартни кола има максимални шест бода.