„Гол-шоу“ на „Енфилд“: Киеза и Салах во финишот го „урнаа“ Борнмут (ВИДЕО)

53
фото: Liverpool FC (X)

Фудбалерите на Ливерпул славеа со 4:2 против Борнмут на отворањето на новата сезона од Премиер лигата. Ливерпул влезе во овој натпревар како апсолутен фаворит, а со тие очекувања поведе во 37-та минута од натпреварот. Екитике постигна гол за 1:0, по што на самиот старт на второто полувреме, Коди Гакпо зголеми на 2:0.

Гостите направија молскавично враќање и успеа со два гола на Семенио д дојдат до израмнување. Во 64-тата минута од натпреварот Семенио упати низок удар во мрежата за резултат од 2:1, а во 76-тата минута, стигна и неговиот втор гол по една класична контра.

Ливерпул не дозволи пораз откако Киеза успеа да искористи една мешаница во шеснаесетникот на гостите и да погоди за 3:2. Во самиот финиш во негов стил, Мохамед Салах погоди за конечни 4:2 со неговиот прв сезонски гол.

ПретходноМинесота не му дава на ДиВинченцо да игра за Италија на Евробаскетот