Екипата на ГРК Охрид во новата сезона сериозно треба да се вмеша во трката за титулата. Езерскиот тим направи одличен состав, на тренерското место го има Борис Ројевиќ, па очекувањата се големи, со оглед на буџетот со кој располага раководството.
На трибините во СЦ „Билјанини Извори“ се очекува голема поддршка, а фановите од 19. август ќе можат да ги купат сезонски билети кои чинат 3.000 денари. Во овој пакет не е вклучена картата за европскиот предизвик.