Грците платија осигурување: Јанис се враќа во репрезентативниот дрес

27

Најдобриот кошаркар на Грција, Јанис Адетокумбо, сепак, ќе се најде во составот на Грција за претстојниот пријателски меч како финален дел од подготовките за претстојниот Евробасет 2025.

Според новинарот Харис Ставру, Јанис ќе може да учествува на пријателскиот натпревар со Летонија, кој ќе се одигра на 20 август во Атина. Адетокумбо сè уште не заиграл за репрезентацијата ова лето. Претходно беше објавено дека неговото отсуство од првите подготвителни натпревари е поради тоа што Грчката кошаркарска федерација не платила осигурување.

Грција ќе одигра уште три натпревари како подготовка за Евробаскетот 2025, прво против Летонија (20 август) и Италија (22 август) на турнирот Акропол, а потоа и последниот пријателски натпревар против Франција (24 август).

ПретходноЛиверпул ќе му го продаде Доак на Борнмут
СледноФФМ ја објави снимката од „спорната“ 67. минута во Кавадарци (ВИДЕО)