Само неколку дена откако на фантастичен начин дебитираше во дресот на Вардар, во рамките од првото коло во ПМФЛ шампионатот, Димитар Данев ќе има нова задача со своите соиграчи. Да освои нови бодови, овојпат на гостински терен во рамките од второто коло против Тиквеш во Кавадарци. Денешниот дуел стартува од 17:00 часот, а на жешкиот терен во Кавадарци, Вардар има императив на победа. Таа нема да дојде секако самата по себе, туку треба и тоа како да биде заработена на терен. За тоа е свесен и самиот Димитар Данев, кој посакува нова супер партија во црвено – црниот дрес по онаа против Пелистер, во првото коло и двата постигнати гола.
„Секако дека не очекува еден тежок дуел. Сепак, Вардар е клуб кој секогаш и секаде оди на победа. Одлична е атмосферата во тимот по стартниот триумф против Пелистер, и сега во Кавадарци што се вели одиме да ја потврдиме одличната форма во моментов. Респект за домаќинот, Тиквеш е квалитетен тим, но ние како што реков сакаме да имаме три бода по секој дуел на контото. Ќе дадеме се од себе за да исполниме се што шефот Гоце Седлоски ќе го испланира за овој меч, и подготвени сме да ги израдуваме нашите навивачи“ – вели македонскиот младински репрезентативец Димитар Данев.