Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на убедлив начин стигна до пласман во полуфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања. Таа во денешниот четвртфинале меч на противничката Аурора Ѕантедески од Италија и препушти само пет гема и оствари победа од 2-0 во сетови (64 61) за 80 минути.
Ѓорческа имаше сигурен почеток на мечот и поведе со 4:1 во гемови, но ривалката успеа да изедначи на 4:4. Сепак до крајот на сетот Лина ги доби двата гема, а девттиот беше решавачки и најдолг гем бидејќи по 10 одиграни поени македонската тенисерка поведе со 5:4, а сетот го доби со 6:4. Во вториот сет Ѓорческа имаше доминација и по водството од 3:0 во гемови, сетот го заврши со 6:1.
Во полуфиналето утре ќе игра против победничката од мечот Ралука Шербан од Кипар и Селена Јаничијевиќ од Франција.
Турнирот е од рангот W75 и се игра за награден фонд од 60.000 долари.