Од натпревар во натпревар, се чини дека Лука Стојановски се повеќе ја стекнува (ше) довербата од страна на стручниот штаб. Овој претквалификациски циклус, репрезентативниот бек го стартуваше со 20.минути на средбата со Романија во Куманово. Доби уште повеќе, 24, на гостувањето во Солнок против Унгарија, за на оној трет натпревар, со Романија, во Орадеа, кој го загубивме скоро слично како првиот, на домашен терен, Стојановски одигра „рекордни“ 35.минути.
Можеби и не беше така ефикасен во фазата на нападот, но имаше и тоа како значаен ефект во оној дефанзивен сегмент во играта на нашата најдобра селекција.
Прави едно кратко резиме на направенотот во овие три мечеви, во кои засега, не успеавме да дојдеме до триумф:
„Резултатот на двете гостувања, поточно поразите, од кои еден со огромна разлика а друг со сличен резултат како на првиот натпревар во Куманово, за мене сесе причина и пример.
Дека мора да има промена во пристапот кон младите играчи во нашата Прва лига, и дефинитивно мора да има повеќе натпревари од таков калибар во домашното првенство“ – смета Стојановски.
Но, убеден е дека овој тим на Македонија ќе даде се од себе за да дојде до триумф, кој многу ќе значи за и тоа како подмладената селекција која ја предводи селекторот Марјан Илиевски.
„Последниот натпревар што ќе се игра во Скопје, на 20.август, ќе го одиграме со 200%, без оглед на тоа дека немаме шанси за пласман во квалификациите за Светскиот Куп. Се надевам дека Македонија, поточно македонскиот народ ќе дојде да даде поддршка и ќе навива за црвено- жолтите бои. без разлика на тоа ова е последен меч од овој претквалификациски циклус кој го завршуваме сега и од кој научивме, се надевам, сите ние заедно кои сме дел од тимот, доста “ – посакува нашиот бек.