Централниот дефанзивец на Вардар, Мислав Матиќ, денеска одигра одличен меч на гостувањето во Кавадарци и со еден гол ја најави втората победа на својот тим во новата сезона.
„Многу важна победа за Вардар. На стартот на шампионатот два од два е она што е добро за нас и кон она што се стремиме, а тоа е титулата. Денеска навистина одиграв добар меч, не знам дали е најдобриот мој во дресот на Вардар, но тоа и не е важно. Важно е дека Вардар победува, денеска мене ми се посреќи, на следниот меч ќе биде некој друг. Сега ни доаѓа Брера, одиме меч по меч и се надеваме дека ќе оди се според планот“, изјави дефанзивецот на Вардар.
Вардар по двет кола има максимален учинок од 6 бода за прво место на табелата во ПМФЛ.