МВР со енергична акција приведува лица осомничени за “местење“ на мечот Кожув – Башкими!

508

Од денеска МВР спроведува енергична акција, по налог на Јавното обвинетелство, и приведува лица кои се осомничени за “местење“ на натпреварот меѓу Кожув и Башкими. Познато е се што се случуваше на тој меч во Гевгелија пред неколку месеци.

Инаку меѓу оние кои се сомничат се тренери, играчи, луѓе од раководствата на двата клуба. Некои и се приведени, барем такви се неофицијалните информации.

Секако дека така и треба после оној голем срам кој беше нанесен на мак – фудалот на тој натпревар кога домашните фудбалери на Кожув просто стоеја само за да гостите од Куманово го постигнат победничкиот гол.

Да напоменеме дека раководството на ФФМ, веднаш по тој меч, искочи со свои реакции со осуда и побара јавно од надлежните енергична акција за казнување на виновниците.

ПретходноГРК Охрид со важно известување за своите фанови
СледноПремиер лига: Ливерпул оди по 21.трофеј, ама Пеп и Артета има што да кажат, тука е и светскиот првак, како и Јунајтед!