Минесота Тимбервулвс не му дозволија на Донте ДиВинченцо да игра за Италија на претстојното Европско првенство.
Според „Њујорк тајмс“, Минесота Тимбервулвс не му дозволиле на ДиВинченцо да го носи дресот на италијанската репрезентација и да игра на Евробаскетот ова лето.
„Донте ДиВинченцо требаше да игра за Италија на Евробаскетот, но се повлече од претпазливост за да се осигури дека е целосно здрав на почетокот на тренинг кампот. Нема загриженост за повредата на прстот на ногата што го држеше надвор од игра поголемиот дел од минатата сезона. Тимбервулвс не го спречија да игра, според клупски извори “, објавува Њујорк тајмс.
Дариус Томпсон, натурализиран Американец, ќе игра за Италија на Евробаскетот.