На отворањето на новата сезона во шпанската Ла Лига, Бојан Миовски и неговата Џирона доживеаја убедлив пораз на домашен терен. Вечерва во првиот меч од сезоната 2025/26, Џирона пред своите фанови загуби со 1:3 од екипата на Рајо Ваљекано, по очајното прво полувреме во кое гостите ги постигнаа сите три гола.
Миовски беше стартер за Џирона, но одигра само 44 минути, затоа што во финишот на првиот дел мораше да биде повлечен од игра откако голманот на домашните, Газанига заработи црвен картон. Миовски го напушти теренот за на негово место да влезе резервниот голман на Џирона.