Официјално: Левски со специјално видео го претстави Никола Серафимов! (ВИДЕО)

99
ФОТО: ПФК Левски/FB

Она што во изминатите денови се најавуваше во фудбалска Бугарија, од денеска е и официјално. Никола Серафимов е нов член на гигантот од Софија, на Левски Софија. Македонскиот репрезентативец со стил беше претставен, со специјално видео изработено од медиа центарот на Левски Софија.

Да потсетиме дека стоперот досега беше дел од Фехервар, а претходно играше и за Вардар, Пелистер…

Бугарите, а посебно луѓето од Левски Софија го најавија Македонецот како големо засилување во таборот на “сините“ од Софија.

Колку за потсетување, еден од помошниците во стручниот штаб на Левски, е и Дарко Тасевски.

ПретходноФФМ со голема донација на топки за клубовите од Трета лига и екипите од младинските кагтегории!(ФОТО)
СледноГРК Охрид со важно известување за своите фанови