Откако вчера заврши третата квалификациска рунда во Лигата на Европа, денеска УЕФА и официјално ги објави термините и судиите за мечевите од плеј – офот во Лигата на Европа.
Познато е дека Шкендија ќе игра двомеч со Лудогорец за пласман во групната или лигашката фаза во ЛЕ, а ако биде елиминирана од шампионот на Бугарија тогаш ќе игра во лигашката фаза во ЛК.
Првиот меч се игра на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје на 21 август (четврток) и тоа со почеток од 20 часот. Судија на овој меч ќе биде Крис Каванах од Англија. Тој е еден од најдобрите судии во Англија кој редовно ја дели правдата во Премиер лигата.
Реваншот се игра на 28 август (четврток) во Разград на на “Лудогорец Арената“ со почеток од 19:30 часот.
Овој натпревар ќе го суди Урс Шнајдер од Швајцарија.
Победникот од овој двомеч ќе игра во лигашката фаза во Лигата на Европа, додека поразениот во лигашката фаза во Лигата на Конференции.