ПМФЛ 2.коло (денеска): Спектакл во Кавадарци – Тиквеш VS Вардар, Струга ТЛ на гости кај Арсими

82

Денеска со натпреварите во Кавадарци и Гостивар, стартува 2.коло во нашата елитна лига. Откако првото коло и тоа како доби преодна оценка од сите, сега на ред се вторите мечеви за нашите прволигаши. И ова коло ќе се игра од петок до понеделник.

Секако дека дербито се игра денеска од 17 часот во Кавадарци, каде Тиквеш го дочекува Вардар.

На стартот тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов не успеа да го победи Работнички, ќе видиме како денеска ќе игра силниот, по имиња, Тиквеш.

За Вардар што да се каже? Против Пелистер тимот на Гоце Седлоски ја демонстрираше сета своја моќ и секако дека и попладнево во Кавадарци ќе оди по трите бода.

Тоа ќе биде спектакл со најмалку 5.000 фанови, најавено е присуство на двете навивачки групи.

Во Гостивар тимот на Арсими за првпат како прволигаш ќе игра пред своите фанови. И тука се очекува голема посета, секако дека цело Чегране ќе дојде да навива за својот тим.

Сепак Струга ТЛ си има свои амбиции, тоа е тим кој важи за еден од најголемите фаворити за највисок пласман и се очекува супер интересен меч.

Да потсетиме во првото коло Арсими на гости кај Башкими одигра 1:1, додека стружани рутински славеа против Македонија ЃП со 2:0.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 17 Ч

Кавадарци: Тиквеш – Вардар

Гостивар: Арсими – Струга ТЛ

ПретходноЖесток удар за Србија и Светислав Пешиќ пред Европското првенство
СледноГостивар потпиша двајца Американци