Поради повреда: Качевски нема да суди во Ѓорче, на негово место Грујоски!

101

Промена на главниот судија за утрешната средба од 2.коло во ПМФЛ меѓу Македонија ЃП и Шкендија. Имено првично беше одреден за главен судија Јован Качевски од Струга. Но тој мораше да откаже поради повреда, истегнување на листот на ногата, па затоа надлежните во Судиската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, како негова замена го одредија Александар Грујоски од Кичево за главен делител на правдата.

Инаку овој натпревар се игра утре од 17 часот на стадионот во скопската населба Ѓорче Петров.

ПретходноКривична пријава против седум лица поради „местење“ на фудбалскиот натпревар ФК „Кожуф“- ФК „Башкими“, едно лице лишено од слобода
СледноСанто со шокантно признание: Имаме голем проблем, не сме подготвени за стартот на Премиер-лига!