Премиер лига: Ливерпул оди по 21.трофеј, ама Пеп и Артета има што да кажат, тука е и светскиот првак, како и Јунајтед!

42
ФОТО: Premier League/X

Вечерва со мечот меѓу Ливерпул и Борнмут (21 ч), стартува новото издание на Премиер лигата, на најсилната фудбалска лига во светот. И веднаш на стартот да кажеме дека Ливерпул оди по својот 21.трофеј, секако дека тука се Арсенал и Манчестер Сити, како и Челзи, Манчестер Јунајтед.

Како фаворити од сенка се Тотенхем, Њукасл, Астон Вила, Кристал Палас, Нотингем Форест.

Во очекување сме на атрактивни и супер интересни 38 кола кои се пред нас.

ЛИВЕРПУЛ

Ливерпул потроши околу 300 милиони евра за засилувања, а галаксијата од одлични поединци ја предводи Флоријан Вирц. Германската суперѕвезда е тип на играч што Ливерпул го немал од времето на Кутињо, виртуоз на теренот кој, како компјутер, ја контролира играта. Таквата магија мораше да се плати. Вирц чинеше 125 милиони евра, а пристигнаа Екитике (80 милиони), Керкез (46,9 милиони) и Фримпонг (40 милиони). Дефанзивното дуо одигра одличен натпревар против Кристал Палас и покажа дека Робертсон може малку да се одмори оваа сезона, додека заминувањето на Александар-Арнолд во Реал Мадрид не треба ни да се почувствува. Покрај десниот бек, Дијаз (70 милиони, Баерн) и Нуњез (53 милиони, Ал-Хилал) го напуштија клубот, меѓу другите, а нето-трошокот на „Црвените“ е под 100 милиони евра, што отвора врата за уште еден мега-трансфер како оној на Исак од Њукасл.

АРСЕНАЛ

Виктор Ѓекереш имаше бројни проблеми и со Спортинг и со Арсенал, но на крајот сè беше успешно завршено. Со 27-годишниот централен напаѓач, Артета доби долгоочекувано решение на позицијата број девет. Доаѓањето на Зубименди (70 милиони евра, Реал Сосиедад) и Мадуеке (56 милиони евра, Челзи) покри уште некои дефицитарни позиции, особено задниот играч за врска, бидејќи Томас Парти го напушти клубот како слободен агент. Се чини дека тимот конечно е среден според желбите на Микел Артета и зборот „процес“ едноставно повеќе не може да се прифати оваа сезона. Арсенал повторно ќе атакува на титулата, која им избега во последните сезони во корист на Ливерпул и Манчестер Сити.

МАНЧЕСТЕР СИТИ

Јасно е дека Пеп Гвардиола, нема да дозволи повторување на минатата сезона. Тој исто така направи реконструкција ова лето. Ветераните Кајл Вокер и Кевин де Брујне го напуштија клубот како слободни агенти, а нивните улоги ги презедоа Тиџани Рејндерс (55 милиони евра, Милан), Рајан Аит-Нури (36,8 милиони евра, Вулверхемптон) и Рајан Шерки (36,5 милиони евра, Лион). Идејата за Шпанецот, кој е единствениот што освоил четири англиски првенства по ред, е јасна. Помлад, поенергичен тим кој повторно треба да лета по теренот, како во оние години кога доминираа во островскиот фудбал. Иако Едерсон сè уште не заминал, уште едно доаѓање, она на Џејмс Трафорд (31,2 милиони, Барнли) на само 22 години е во прилог на тоа. Како и очекуваниот Џиџи Донарума.

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Минатата сезона, “Олд Трафорд“ беше Театар на ужасот, бидејќи, за жал на нивните навивачи, беше како што беше, ужасно. Рубен Аморим некако успеа да го одвлече бродот што тоне во помирно пристаниште, наречено летен преоден рок. На тимот му беше потребен нов лик а потенцијално во Бенџамин Шешко добија лице кое би требало да донесе некои посветли денови. Словенецот е најголемиот улов ова лето, а тој беше платен 76,5 милиони евра во РБ Лајпциг. Неговите партнери на врвот на нападот треба да бидат Брајан Мбуемо (75 милиони, Брентфорд) и Матеус Куња (74,2 милиони, Вулверхемптон). „Црвените ѓаволи“ апсолутно не смеат да дозволат да им се повтори минатата сезона.

ЧЕЛЗИ

Челзи е светски првак и мора да се гледа како голем фаворит за титулата. Челзи најде лидер за нов проект во Енцо Мареска, кој го стабилизираше тимот, го доведе до титулата победник во Конференциската лига и четвртото место во првенството минатата сезона. Италијанецот направи дополнителен избор и со тоа процени дека не му е потребен Мадуеке. Сепак, Французинот остана во Лондон, но на друг стадион, (56 милиони, Арсенал). Жоао Феликс исто така си замина, а среќата, освен презимето, ја најде во Саудиска Арабија (30 милиони, Ал-Наср). Во клубот се приклучија Жоао Педро (63,7 милиони, Брајтон), Џејми Гитенс (56 милиони, Борусија Дортмунд). Жоао Педро би можел да биде едно од главните лица, заедно со Кол Памер, секако, во борбата за титулата која не е освоена на „Стемфорд Бриџ“ од 2017 година.

ПретходноМВР со енергична акција приведува лица осомничени за “местење“ на мечот Кожув – Башкими!
СледноСемејството на Диого Жота вечерва ќе биде во ложата на “Енфилд“! (ФОТО)