ФФМ со голема донација на топки за клубовите од Трета лига и екипите од младинските кагтегории!(ФОТО)

0
ФОТО: FFM.MK

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во периодот што следува започнува со значајна донација со која 72 клубови од Трета МФЛ ќе добијат околу 1.400 фудбалски топки, а 140 младински екипи од Супер лигата, Втората и Третата младинска лига ќе добијат повеќе од 3.000 топки.

Со оваа донација, секој клуб обезбедува неопходна опрема за тренинг и натпревари, со цел создавање подобри услови за работа и напредок на младите фудбалери. Оваа иницијатива е дел од континуираната заложба на ФФМ да обезбедува еднакви можности и квалитетни услови за сите клубови, без разлика во кој ранг на натпреварување учествуваат.

Фудбалската федерација на Македонија и во иднина ќе продолжи со активности кои ја поттикнуваат масовноста и квалитетот на фудбалот во земјата. Дополнително, во декември ќе следува уште една донација на опрема за младинските тимови, како дел од планот за поддршка на младинските категории.

Во изминатиот период, ФФМ донираше речиси 2000 фудбалски топки за сите Општински фудбалски сојузи, а клубовите од Прва МФЛ добија по 30 ПУМА фудбалски топки.

ПретходноЛина се пласира во полуфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања!