Екипата на Шкупи не успеа да обезбеди терен на кој ќе го одигра својот прв домашен меч во ПМФЛ, па претстојниот со Силекс е откажан, токму од страна на чаирчани.
По најавите дека во игра се терените во Куманово и Маџари, на крајот Шкупи се решил да го откаже мечот. Која е вистинската причина за оваа одлука, засега не е јасно, знаејќи дека Шкупи пред првиот меч сезонава едвај успеа да регистрира 15 професионални фудбалери.