По потпишувањето на македонски кошаркари, Гостивар ги договори и првите странски засилувања за новата сезона.
Маркус Мајерс е првото странско засилување на овој тим. Станува збор за кошаркар кој игра на бековските позиции. Тој настапувал во Ерменија, Бугарија, Косово, Казахстан а во Гостивар доаѓа пристигнува после одиграна сезона во Грција.
Второто странско засилување е центарот Џедериус Итмон кој е висок 208 см. Тој има настапувано во најсилната колеџ лига (НЦАА Дивизија I) на универзитетот Флорида А&М и за него оваа ќе биде прва сезона надвор од САД.