Вечерва стартува и Ла Лига и тоа со мечевите Џирона – Рајо Ваљекано и Виљареал – Овиедо.
И кога сме кај Џирона секако дека за нас најинтересно е дали Бојан Миовски и оваа сезона ќе игра во Ла Лига или ќе се врати во Шкотска. Секако дека до крајот на преодниот рок ќе го дознаеме и тоа. Исто така што ќе одлучи Столе Димитриевски, останува во Валенсија или ќе прави трансфер.
Вечна, вековна е таа “приказна“ за Барселона и Реал Мадрид. Тоа се најголемите клубови во светот. Интересни за јавноста, некој доволно е само да дигне прст или рака, веднаш се пишуваат фермани или се известува во живо.
Барса го брани тронот, а Реал ќе го напаѓа.
Ханси Флик лани создаде “монструм“ од Барса, додека дон Карло беше сменет со Чаби Алонсо.
Каталонците сега се фаворити, имаат мега – тим, имаат страшен тим, веројатно најдобриот напад во светот…Јамал, Рафиња, Рашфорд, Левандовски, Феран Торес, Олмо ако остане.
Реал со Чаби ги има Мбапе, Вини, секако и Белингем и сите останати ѕвезди, но сега го нема Лука Модриќ, најтрофејниот “крал“ во историјата кој замина во Милан.
Ќе видиме што може овој “нов“ Реал Мадрид на Чаби.
Јасно е дека и ова лето Барса си имаше проблеми со регистрација на новаците како Гарсија и Рашфорд. Позната е сагата со Тер Штеген, заминувањето на Иниго Мартинез и најавеното заминување на Олмо. Се ова мора да остави трага, тука нема збор.
Но Ханси Флик е Германец, бара дисциплина и ако можеше на еден Јамал да му се налути, тогаш што останува за другите.
Па така вечната приказна за Барса и Реал и оваа сезона ќе ја следиме.
А Атлетико Мадрид на Чоло?
Добар тим повторно, но нешто му недостига, како и сите минати сезони, нешто фали…за да биде фаворит за тронот.
Билбао, Виљаереал, Сосиедад….екипи од кои може да се очекува повторно добар сезона.