Најтрофејниот со победа на дербито: Шоу на Матиќ во Кавадарци! (ФОТО+ВИДЕО)

313

Тиквеш – Вардар 1:2 е исходот од денешното дерби на 2.коло во новата сезона во ПМФЛ. И веднаш да кажеме дека тоа беше шоу на Мислав Матиќ, стоперот на Вардар кој во второто полувреме “царуваше“ во Кавадарци и тоа пред повеќе од 5.000 гледачи. Директен виновник беше Хрватот за двата гола, а едниот беше негово дело. Јасно е дека е играч на натпреварот. И во дефанзивата беше фантастичен.

Ова беше втора победа на Вардар во вториот меч сезонава. Тиквеш има само бод од двата меча кои ги одигра дома.

No description available.

Тиквеш убаво го започна мечот, со ритам, со пресинг па и со шанси. Вардар секако резервиран, ама и опасен кога му се даде шанса да загрози голот на домашните.

Ивановски уште во 2.минута се закани по голот на Тиквеш, следуваше на другата страна заканата на Босанчиќ. И Стојкоски со закана, ама тоа беше премногу пласирана топка за лесен плен за голманот на Вардар, Талески. Ивановски со уште една шанса во 18.минута, но нема гол. Садик имаше зицер неколку минури подоцна. Исто Ивановски и по додавањето на Стојанов не погоди празен гол.

Казната можеше да стигне на другата страна, но Стевковски му го одбрани ударот на Закариќ.

Следуваа тензиите во Кавадарци, кога и двете навивачки групи си имаа свое шоу, а со петарда беше погоден и еден од камерманите на МТВ.

No description available.

МАТИЌ ЗА ВОДСТВО НА ВАРДАР

Само што започна второто полувреме Матиќ имаше супер шанса, но за малку не погоди. Но затоа во 52.минута стоперот на Вардар успеа донесе радост кај гостите.

Ивановски во 66.минута ја погоди стативата на Вардар, а казната стигна на другата страна кога Матиќ со удар со глава ја погоди стативата, а одбиената топка во домашниот гол за 0:2 ја смести Мато.

No description available.

Неколку минути подоцна Тодоровски за малку ќе донесеше и 0:3.

Омерагиќ во 85.минута погоди за 0:3, но поради офсајд истиот беше поништен.

И тоа не беше се. Во судиското продолжение Ивановски конечно погоди за 1:2, убав гол од околу 18-20 метри.

No description available.

No description available.

ПретходноМиовски стартер за Џирона на отворањето на Ла Лига (ФОТО)
СледноСтруга ТЛ со пресврт до трите бода во Гостивар! (ВИДЕО)