Седлоски: Требаше да победиме и поубедливо

337

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Вардар ја прокнижи и втората победа на стартот на новата сезона. По победата над Пелистер во Скопје, попладнево на отворањето на 2. коло од ПМФЛ, „црвено-црните“ триумфално завршија и во Кавадарци победувајќи го Тиквеш со 2:1.

По средбата, стратегот на клупата на Вардар, Гоце Седлоски, им честиташе на своите фудбалери за настапот и остварената победа.

„Честитки за победата и за залагањето на моите фудбалери во текот на целиот натпревар. Навистина имавме одлична атмосфера и прекрасен амбиент за игра. Во првиот дел на теренот беше рамноправно, а во продолжението покажавме сила и квалитет. Имавме многу шанси, постигнавме два гола, но мислам дека требаше да дадеме и повеќе за победата да биде заслужено поубедлива“, вели по мечот стратегот на Вардар.

ПретходноКадетите поразени и од Бугарија, ќе играат за 15. место
СледноМатиќ: Одиграв навистина добро, но најважно е што Вардар победува