Вечерва од 21 часот со мечот Ливерпул – Борнмут ќе стартува новата сезона во Премиер лигата. Ова ќе биде прв официјален меч за “Редси“ без својот Диого Жота кој трагично, заедно со својот брат, загина во сообраќајна несреќа ова лето.
Се разбира дека вечерва на „Енфилд“ се ќе биде во знакот на Жота, ќе има многу солзи и емоции.
Инаку Ливерпукл како голем клуб, објави дека во ложата ќе бидат и семејствата на Жота и Андре Силва.
“Секогаш ќе бидеме покрај нив“ посочи на пресот во пресрет на овој меч стратегот на “Редси“ Арне Слот.
❤️ Anfield being prepped for a crowd mosaic in honour of Diogo Jota and Andre Silva. pic.twitter.com/hyzyJMDbmU
— This Is Anfield (@thisisanfield) August 15, 2025