Не може без тензии во Кавадарци. Имено домашните фанови “Лозари“ во неколку наврати пукаа со петарди. Во неколку наврати беа опоменати, погоден беше и камерманот на МТВ. Потоа дојде наредба од делегатот да се испразни трибината каде што се домашните фанови.
На друга страна и гостинските фанови не беа мирни откако беа сместени во определен простор. И тие откако беа снимани се посебна камера се изнервираа и почнаа да прават проблеми.
На ова реагираше и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
Најважно е што второто полувреме во Кавадарци на време си започна.