Американецот Кук е ново име во Гостивар

60
фото: KK Gostivar 1954 (Facebook)

Во очекување на новата кошаркарска сезона, екипата на Гостивар претстави уште едно ново засилување. Гостиварци денеска го потврдија доаѓањето на Американецот Кристијан Кук, кој во дресот на нашиот прволигаш доаѓа од екипата на „Њу Мексико Стејт“.

Кук има одлична статистика од настапите во НЦАА лигата, па сега останува да се види неговото преставување во редовите на Гостивар. Станува збор за одличен шутер.

ПретходноГолем проблем за Словенија: Дончиќ се повреди на контролата со Летонија (ВИДЕО)
СледноУапсен е навивачот кој расистички навредуваше фудбалер на Борнмут