Бразилски голман го израмни неверојатниот рекорд на Питер Шилтон

115

Фабио Лопез e фудбалер со најмногу официјално одиграни натпревари во историјата.

Натпреварот против Форталеза беше 1.390-ти во кариерата на голманот на Флуминенсе. 44-годишниот Бразилец го израмни светскиот рекорд поставен од Питер Шилтон (треба да се напомене дека самиот Англичанец изброи 1.387 натпревари, а 1.390 е бројка од Гинисовата книга на рекорди ).

Според пресметките на „Глобо Еспорте“ и актуелниот клуб на голманот, Фабио одиграл 976 натпревари за Крузеиро, 234 за Флуминенсе, 150 за Васко де Гама и 30 за Униао Бандеиранте.

ПретходноПовредата на Дончиќ не е сериозна
СледноКејн и Диаз му донесоа нов Суперкуп трофеј на Баерн (М)