Така треба: Серафимов на македонски јазик, среде Софија, го даде своето прво интервју!(ВИДЕО)

588
ФОТО: PFK Levski/FB

Од вчера и дефинитивно Никола Серафимов е нов член на Левски Софија, на еден од најголемите клубови во Бугарија па и на Балканот. Секако дека со оглед на тоа дека се работи за познато име, а Серафимов е македонски репрезентативец, Левски неговата презентација ја направи со многу помпа што се вели.

Интересно е тоа што во интервјуто за клупската ТВ на Левски, Македонецот на македонски јазик, среде Софија, говореше за очекувањата во новата средина, за тоа дека се радува што е дел од така голем клуб, и секако за тоа зошто го одбрал токму Левски како негов нов клуб. Така треба.

Дека Левски го третира Македонецот како голема ѕвездам, доказ е тоа што овој клуб преку својот медиа – центар, изработи и специјално видео за доаѓањето од Скопје во Софија.

Секако дека вреди да се погледне цело видео:

ПретходноПораз за крај: Македонските кадети завршија на 16-место на ЕП Б Дивизија
СледноИ ФФМ потврди: Шкупи – Силекс и дефинитивно нема да се игра!