Барселона со убедлива победа ја почна одбраната на титулата (ВИДЕО)

40
фото: Mallorca (X)

Шпанскиот шампион барселона со убедлив триумф од 0:3 на гостувањето кај Мајорка ја започна новата сезона во Ла Лига. Во меч во кој Каталонците уште од првите минути покажаа доминација, домашните можат да жалат што пропуштија шанса да се борат до самиот крај за подобар резултат, откако во првото полувреме останаа без двајца првотимци поради црвени картони.

Барселона поведе со голот на Рафиња во 7 минута, а во 23. минута од средбата видовме еден спорен момент по кој гостите поведоа и со 0:2. Имено, во шеснаесетникот на домашните остана да лежи еден од фудбалерите на Мајорка кој доби удар во главата, но судијата не го прекина мечот, а Торес успеа да погоди за зголемено водство на Барселона.

Тоа ги разгневи домашните фудбалери кои до 39. минута останаа без двајца фудбалери. Во 33. по два жолти картони исклучен беше Морланес, а по него директен црвен картон доби и Муриќи.

Во вториот дел Барселона само ја запечати победата со голот на Јамал во судиското продолжение.

ПретходноКонтроверзен гол на Барса уште на стартот на сезоната во Ла Лига (ВИДЕО)
СледноПовредата на Дончиќ не е сериозна