Луд потег на Јокиќ во победата над Чешка – фановите воодушевени (ВИДЕО)

158

Кошаркарската репрезентација на Србија убедливо ја совлада Чешка со 113:84 во полуфиналето на подготвителниот турнир во Минхен и се пласираше во финалето, каде што вечерва од 20:45 ќе игра против Германија, која ја победи Турција со 73:71.

Српската селекција тргна силовито и уште до полувремето уфрли 61 поен, а прашањето на победникот беше решено по третата четвртина. Селекторот Светислав Пешиќ ја распореди минутажата на сите играчи, а најмногу се истакнаа најголемите ѕвезди. Богдан Богдановиќ постигна 20 поени, додека Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 12 поени, четири скока и шест асистенции.

Пешиќ не ги оптоваруваше премногу главните играчи, но и во ограничена минутажа тие покажаа дека се столбови на тимот. Особено воодушеви еден потег на Јокиќ во третата четвртина, кога веднаш по приемот на топката со „одбојкарско“ движење со една рака испрати атрактивно додавање кон соиграч во контра.

Снимката од асистенцијата ја сподели навивачката страница на Денвер Нагетс, НБА клубот каде што настапува српскиот центар. „Јокиќ е луд“, стои во описот на објавата на Х.

 

ПретходноШпанците во големи проблеми, главниот адут „виси“ за ЕП
СледноМарко Ливаја во својот Сплит го доживеа најголемиот срам – она што му го прават до неодамна беше незамисливо.