И покрај одредени проблеми со повредите, јасно е дека Србија е најголемиот фаворит за златото на претстојното ЕП. Лесно му е на селекторот Светислав Пешиќ ако се знае дека тој може да смета на најдобриот кошаркат во светот во моментов, Никола Јокиќ.
Со НБА – ѕвездата јасно е дека Србија ќе делува моќно.
Интересно е што за Србинот и членот на Денвер, искоментира Даниел Шрудер, бекот на селекцијата на Германија:
“Јокиќ е најдобар во светот, а фасцинантно е тоа што кошарката му е на второ или трето место. Ужива во својот живот, го работи тоа што му носи радост и задоволство, пред се мислам на коњите и времето минато со своето семејство. Со тоа покажува дека Никола живее за работите кои му се битни и му се приоритет во животот. Самиот вели дека не сака да го запаметат по тоа каков кошаркар бил, туку каков татко бил. Меѓутоа како играч, секако дека е најдобар на светот“ посочи германскиот репрезентативен кошаркар.