Нов шок за Франција: И Поарие нема да игра на ЕП!

24
ФОТО: Twitter

Винсент Поарие нема да учествува на Европското првенство оваа година! Ова е нов шок за сите во селецијата на Франција.
Поарие заработи повреда на коленото на дуелот со Шпанија пред два дена. Беше објавено дека ќе го прескокне следниот пријателски меч,ама медиумитево Франција објавуваат други информации, а тие се дека центарот нема да може да игра за Франција.
Ова е уште еден голем удар за олимпискиот вицешампион откако Виктор Вембањама, Руди Гобер и Матијас Лесор откажаа претходно. Центарската линија на Франција ќе биде прилично ослабена, прашање е само кој ќе игра под обрачите ако се знае само дека Гершон Јабуселе е во составот.
Французите играат во Полска во групната фаза и го започнуваат турнирот против Белгија.

ПретходноБарса ги регистрира Рашфорд и Гарсија, се шпекулира дека ќе дојде и Влаховиќ!
СледноНеверојатно: Изјавуваше дека тој е еден од најдобрите во светот, а сега го продава!