ПМФЛ 2.коло (денеска): Работнички на мегдан со Башкими, шампионот гостува во Ѓорче!

37
ФОТО: FK Rabotnicki/FB

Денеска со два меча од 17 часот продолжува второто коло во новата 2025/26 сезона во нашата елитна лига.

По ремито на Кавадарци на стартот, тимот на Работнички секако дека очекува победа против Башкими. Овој натпревар се игра на Арената “Тодор Проески“ во Скопје.

За очекувањата од таборот на клубот од Градски парк, свој коментар има младиот напаѓач на Работнички, Дашмир Елези:

Мотивирани сме да стартуваме со победа на домашен терен. Ни гостува Башкими, нов прволигаш и секако дека ќе сакаат да останат непоразени. Но, верувам дека Работнички ќе наметне свој ритам на натпреварот и дека на крајот ќе ги освоиме трите бода. Башкими има неколку навистина квалитетни и искусни фудбалери, но ние треба да го одбраниме домашниот терен. Го анализиравме противникот, добивме инструкции што треба да направиме и ако ги исполниме задачите на шефот Бојан Маркоски, верувам дека на крајот ќе славиме“, вели напаѓачот Дашмир Елези.

И Башкими стартуваше со реми, и тоа дома против Арсими. Кумановци ветуваат голема битка на Арената и веруваат дека може да дојдат до добар резултат.

Ресул Мемети за тоа што може Башкими денеска истакнува:

Не очекува многу тежок натпревар на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје. Екипата на Работнички се покажа како најстабилен и најнепредвидлив тим во Првата лига. Треба навистина да бидеме на високо ниво, физички и тактички. Се подготвуваме добро и веруваме во позитивен резултат“.

Шкендија денеска гостува во Ѓорче кај Македонија ЃП. Тетовци во четврток ќе играат со Лудогорец во рамките на плеј-офот во ЛЕ, но претходно ќе треба да си ја одработат на домашна сцена.

Капитенот Бесарт Ибраими се жали на заморот, но ветува дека Шкендија ќе одигра најдобро што може за да се дојде до трите бода:

Заморот е тука и има влијание врз нашите настапи. Сепак, треба да бидеме многу искрени прво со себе, а потоа и со другите. Сите знаеме дека Шкендија веќе направи нешто многу големо и ние ќе бидеме во групна фаза во Европа. Истовремено, знаеме дека само преку првенството се обезбедува излез во Европа и поради таа причина првенството треба да се почитува максимално. Работевме на рехабилитација и верувам дека ќе бидеме во најдобрата верзија. За нас секој натпревар е тежок, бидејќи противниците против нас даваат 200% и поради тоа мора да бидеме максимално внимателни. Ова е само второ коло и не е дека многу го познаваме противникот, но од анализите на стручниот штаб мислам дека знаеме што да очекуваме. Најважно е да излеземе на терен за да ја играме нашата игра и задачите кои ќе ни бидат дадени, со верба дека ќе излеземе со посакуваниот резултат“.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА 17 Ч

Скопје: Работнички – Башкими

Скопје: Македонија ЃП – Шкендија

ПретходноЕкитике: Задоволен сум, но можам да направам повеќе
СледноПораз за крај: Македонските кадети завршија на 16-место на ЕП Б Дивизија