Лука Дончиќ избегна сериозна повреда. Според информациите објавени вечерва, ѕвездата на словенечката репрезентација и на „Лејкерси“ избегна сериозна повреда за време на пријателската средба со Летонија.
Според инсајдерот Марк Штајн, на Дончиќ му е дијагностицирана модринка на десното колено.
Тој се повреди на почетокот на третата четвртина кога неговиот соиграч Грегор Хроват му падна на колено. Играчот отиде во соблекувалната, но подоцна се врати на клупата, каде што го помина остатокот од натпреварот.