Полувреме: МЃП – Шкендија 0:1, Робакидзе на Арената си постигна автогол за водство на Башкими!

136
ФОТО: KF Skendija/FB

Завршија првите полувремиња од двата попладневни меча од 2.коло во ПМФЛ, и двете во Скопје.

Во Ѓорче,шампионот со раниот гол на Адеми има водство од 0:1, кога од 15 метри одлево шутираше максимално прецизно во мрежата на “лавовите“. Во 17.минута Македонија ЃП остана со играч помалку откако Кабаркс доби директен црвен картон за недозволен старт.

Шкендија очекувано игра во комбиниран состав.

На Арената Башкими има водство од 0:1 и тоа благодарение на автоголот на Робакидзе во 35.минута.

Работнички е во негатива иако имаше повеќе од играта, неколку шанси но сепак на пауза се замина со 0:1 за гостите од Куманово.

ПретходноНеверојатно: Изјавуваше дека тој е еден од најдобрите во светот, а сега го продава!
СледноТотенхем и Сандерленд извонредно ја почнаа новата сезона во Премиерлигата