Пораз за крај: Македонските кадети завршија на 16-место на ЕП Б Дивизија

32
Фото: ФИБА

Македонската кадетска репрезентација заврши на 16-то место на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Скопје. Нашите кадети денеск беа совладани од Велика Британија со 76-88. Овој шампионат младите надежи го завршија со осум порази и само една победа против Словачка.

Велика Британија доминираше во првото полувреме. После десет минути игра беше позитива од 16-26, додека на одморот беше 33-47. Македонија ја поправи играта во следните две четвртини, но тоа не беше доволно за да запише победа на последниот меч.

Шабани со 22 поени беше прв стрелец, зад него беше Илиев со 13 поени, Беговски имаше 11.

ПретходноПМФЛ 2.коло (денеска): Работнички на мегдан со Башкими, шампионот гостува во Ѓорче!
СледноТака треба: Серафимов на македонски јазик, среде Софија, го даде своето прво интервју!(ВИДЕО)